Фон дер Лајен пристигна во Киев на средби со Зеленски и Шмигал

1 min read

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во уште една посета посветена на амбициите на Украина за пристапување во Европската унија и реконструкција.

– Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски и премиерот (Денис) Шмигал, им рече Фон дер Лајен на новинарите известувајќи за нејзината посета.

Таа додаде дека на состаноците ќе се разговара за заедничката работа неопходна за обнова и напредок на Украина на патот кон Европа.

Фон дер Лајен претходно беше во Украина во април.

kurir.mk

Претходно

Одрон на патниот правец Неготино – Радовиш

Следно

ВИДЕО | Секс-скандал во Бугарија: Објавена снимка на која наводно Петков ја допира Бориславова за задник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian