Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа

1 min read

Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа неколку минути по слетувањето на нејзиниот авион во Тбилиси, главниот град на Грузија.

На пат од аеродромот до хотелот, каде што требаше да биде сместена екипата, возачот на првиот од двата автобуси во кои бил бугарскиот тим изгубил контрола над возилото, што резултирало со сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила поради неприспособена брзина во услови на дожд, а според барањата на УЕФА, репрезентацијата била поделена на два помали автобуси и патувала со полициска придружба.

Возачот на еден од автобусите возел со голема брзина по влажен коловоз и изгубил контрола бидејќи пред него наеднаш застанал автомобил, а во него удрил другиот автобус.

Најмногу настрадал фудбалерот Тодор Неделев кој според првите информации се здобил со тешки повреди и е во болница.

Останатите членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.

Натпреварот од групата Ц од Лигата на нации меѓу Грузија и Бугарија е закажан за утре од 18 часот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реал и Барселона ќе играат „Ел Класико“ во Лас Вегас

Следно

Дневен хороскоп за 11 јуни: Никој не е безгрешен или совршен

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian