Бизарна смрт: Славната инфлуенсерка почина од гушење со ќебапи и ориз

2 mins read

Познатата тајландска инфлуенсерка и јавна личност Арисара Карбдехо почина откако падна во кома на почетокот на годинава поради бизарен инцидент – гушење со храна. Веста за нејзината смрт ја потврди семејството на несреќната девојка.

Арисара паднала во кома поради последиците од гушење од ќебапи и ориз, кои побрзала да ги изеде за вечера. Три месеци подоцна, ситуацијата завршила трагично.

Супиха, мајката на 27-годишната инфлуенсерка, објаснила дека нејзината ќерка секогаш брзала и била „презафатена“, што било случај и таа вечер кога брзала со оброкот за што побрзо да продолжи со обврските.

Меѓутоа, храната ѝ се заглавила во грлото и предизвикала гушење, по што Арисара била итно пренесена во болница.

За жал, лекарите известиле дека било премногу доцна, бидејќи мозокот на Арисара бил без кислород цели девет минути. Наредниот период го поминала на апарати за одржување во живот, сѐ додека неделава не била констатирана нејзината смрт.

Ужалената Супиха ги предупредила младите да бидат повнимателни и повеќе да се грижат за своето здравје.

„Би сакала да ги потсетам сите тинејџери добро да се грижат за своето здравје, да јадат редовно и да се одмораат доволно. Да бев со неа, немаше да се случи ваква трагедија. И не сакам вакво нешто да му се случи на никого, на ниту едно семејство“, рекла таа.

Несреќната девојка била погребана вчера.

„Бевме шокирани кога се случи несреќата, но сите се молевме да ѝ биде подобро“, изјавил пријател на Арисара по нејзината смрт.

„Беше толку млада и убава. Скршен сум што засекогаш замина.“

Арисара на социјалните мрежи ја следеа неколку милиони луѓе, а таму се прослави со своите видеа, но и со губењето на седум килограми во рок од 22 дена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен фудбалер на Штутгарт на Ибица, обвинет е за силување

Следно

Тачи го поддржува „Отворен Балкан“: Тој го јакне националниот потенцијал на Албанците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian