Предлог иницијативата за бесплатни градинки која беше поднесена од страна на политичката партија Левица, беше прифатена од членови на советот на општина Карпош.
Според информацијата од политичката партија Левица на седницата бил донесен заклучок за усвојување на иницијативата со што Советот на Општина Карпош ги задолжува стручните служби во Општината да ги испитаат сите правни можности како основа за носење на одлука со која престојот и исхраната во градинките „Орце Николов’’, „Мајски Цвет‘‘, „Распеана Младост‘‘ и „Пролет‘‘ ќе бидат бесплатни.
– Левица Карпош и понатаму ќе работи за интересите на жителите на Општина Карпош во насока на преземање на активности и иницијативи кои ќе придонесуваат за намалување на економските разлики, се вели во соопштението од Левица.