Зидан кажа ДА, ќе седне на клупата на ПСЖ и ќе стане најдоброплатен тренер на светот

2 mins read

Зинедин Зидан се согласи да го замени Маурисио Покетино на клупата на ПСЖ.
Повеќе медиуми од Шпанија и Франциа ја потврдија веста и објавија дека Зидан кој водејќи го Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите, утре ќе потпише договор со ПСЖ.
За таа цел, Зидан наводно веќе отпатувал во Доха, Катар каде ги договорил сите детали со сопствениците на ПСЖ, тоа е кралското катарско семејство.

Со потписот за ПСЖ, Зидан се очекува да стане најдоброплатен тренер на светот бидејќи ќе заработува по 25 милиони евра годишно. Досега најдоброплатен тренер е Диего Симеоне кој од Атлетико Мадрид добива 24 милиони евра по сезона, а Пеп Гвардиола во Манчестер сити има плата од 23 милиони.

Единствен услов за Зидан да потпише со ПСЖ, бил тој да му биде овозможено во исто време да ја води и репрезентацијата на Франција.

Имено, Зидан има устен договор до претседателот на Фудбалската федерација на Франција, по завршување на Светското првенство во Катар, да седне на селекторското столче на местото на Дидие Дешан. Тоа барање не им претставувало никаков проблем на газдите на ПСЖ со што повеќе нема пречки за потпишување на договорот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ангелов изврши увид на опасна дупка на средината на мостот кон Драчево

Следно

ЦУК: Ангелов изврши увид на опасна дупка на средината на мостот кон Драчево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian