ВИДЕО | Шакира објави трогателна снимка: Вежба со повредениот татко откако излезе од болница

2 mins read

Овие денови и не се баш најсреќни за славната пејачка.

Шакира завчера на својот инстаграм-профил сподели снимка на која се гледа како му помага на својот татко Вилијам Мебарак Чадид со вежби за меморија. Во текстот покрај видеото напишала дека нејзиниот татко доживеал несреќа во која е повреден, но дека сега е подобро и дека таа му помага во „когнитивната стимулација“.

На снимката, пејачката држи натписи со едноставни зборови како „читај“, „тигар“ или „пијам“, додека нејзиниот татко ги чита зборовите од натписот.

Таа пред неколку дена на својот официјален твитер-профил објасни дека нејзиниот татко доживеал несреќа пред околу две недели:

„Неодамна добив неколку загрижени пораки од луѓе кои велеа дека ме виделе во една клиника во Барселона. Би сакала да објаснам дека овие се фотографии од 28., кога татко ми, за жал, тешко падна. Тој ден го спроведов со возило на брза помош до болницата каде што сега се опоравува.“

Да потсетиме, Шакира неодамна потврди дека ја раскинала долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике. Најпрво се појавија информации дека раскинувањето е предизвикано од неверството на фудбалерот, а пред два дена шпанскиот новинар Хозе Антиони Авилес изјави во емисијата „Вива ла Вида“ дека Шакира и Пике се во отворена врска.

Шакира и Пике беа во врска 12 година, од која имаат два син – Милан и Саша.

Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

Шакира откри дека „никогаш не е задоволна од сопствените песни“

Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Леброн сака да биде газда на НБА тим и да игра во Лас Вегас

Следно

Радев: Ветото за Македонија да не се трга додека не се формира владејачко мнозинство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian