Скопските пожарникари ќе добијат нови 350 униформи

1 min read

Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни униформи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема.

Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи.

Во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпожарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар.

-Градот Скопје продолжува да инвестира во техничката опременост и модернизирање на противпожарната бригада со цел обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на скопските пожарникари, соопштија надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Режисерот Тод Филипс го потврди продолжението на „Џокер“: Хоакин Феникс веќе го чита сценариото!

Следно

Барселона се договори со Гави за нов договор, откупната клаузула изнесува милијарда евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian