Скандал: Избришани видео снимките од насилството пред финалето во Лигата на шампионите

1 min read

Снимките од видео надзорот кои го регистрираа насилството и реакцијата на полицијата реакција околу стадионот „Франција“ во Париз пред и за време на финалето во Лигата на шампионите се избришани, открија луѓе од Фудбалската федерација на Франција (ФФФ) за сослушувањето во Сенатот.

Видео снимките се уништуваат по седум дена, освен ако полицијата не ги конфискува, објасни Ерван Ле Превос, директор за институционални работи во ФФФ, чија делегација беше сослушана во Сенатот.

– Изненадени сме. Префектот брзо презеде законски мерки и имаше време да се зачуваат снимките. Мораме да откриеме што се случило – изјави претседателот  на Комитетот за култура на Сенатот, Лоран Лафон.

– Информациите што ги добивме за видеата не ни се јасни. Доколку се случеше тие навистина да не се сочувани, тоа ќе беше сериозен проблем – рече Франсоа Ноел Бифе, кој копретседаваше со расправата.

Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам е изненаден од „исчезнувањето на видео снимките“ на кои била регистрирана претераната употреба на сила на париската полиција врз англиските навивачи и „не разбира зошто се уништени видеата“.

– Имаше снимки од насилство и тие беа избришани по седум дена. Зошто тие видеа не беа запленети – праша сенаторот Дејвид Асулин.

Претходно, шефот на париската полиција Дидие Лалман се извини за прекумерната употреба на сила на полицајците како и за неговото одобрување да се употреби солзавец врз навивачите на Ливерпул кои чекаа пред стадионот „Франција“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска зголемен број на автобуси кон гробиштата поради Задушница

Следно

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian