Режисерот Тод Филипс го потврди продолжението на „Џокер“: Хоакин Феникс веќе го чита сценариото!

1 min read

Режисерот Тод Филипс на својот инстаграм-профил изненадувачки ја објави насловната страница на сценариото на продолжението на „Џокер“, напишана заедно со Скот Силвер, откривајќи дека набргу ќе се снима филмот и дека актерот Хоакин Феникс, кој го доби Оскарот за главната улога во 2019 година, веќе го чита сценариото.

Но сепак, ова не е сосема точно, зашто Феникс веќе некое време го чита сценариото, но преговара за дебел договор за да глуми во продолжението!

Сценариото е насловено „Џокер: Folie à deux“. Референцата е на францускиот медицински термин за ментално растројство.

Првиот Џокер беше филм со најголема заработка на сите времиња: 1,07 милијарди долари ширум светот. Номиниран за Оскар со 11 номинации, ја доби статуетката за најдобар актер и за оригинална музика на Хилдур Гунадотир.

Бетмен е вториот филм со најголема заработка со 770,3 милиони долари. Емерих и Ривс веќе го најавија продолжението.

 

Извор: espreso.mk

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала ќе му зарие нож во грб на Јувентус и ќе потпише за најголемиот ривал

Следно

Скопските пожарникари ќе добијат нови 350 униформи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian