Реал и Барселона ќе играат „Ел Класико“ во Лас Вегас

1 min read

Реал Мадрид кон крајот на минатиот месец ја освои Лигата на шампионите по 14-ти пат и со тоа ја заокружи перфектната сезона, откако претходно ја освои титулата во Ла Лига.

„Кралевите“ веќе закажаа турнерија во САД пред почетокот на новата сезона во која ќе играат против најголемиот ривал Барселона во популарното „Ел Класико“ и тоа во Лас Вегас.

Спектаклот е закажан за 23 јули, а двата шпански тима во турнејата во САД ќе играат против уште еден фудбалски гигант, Јувентус како и против мексиканската Америка..

По Барселона, Реал ќе игра во Сан Франциско против мексиканскиот клуб Америка, додека на 30 јули ќе следи пресметката со Јувентус во Лос Анџелес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Деветта шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром, Муцунски ја честиташе победата

Следно

Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian