Раскинавте – вие најдовте утеха во чоколадата и пријателките, а тој во друга: За што точно станува збор?

1 min read

Се прашувате зошто мажите многу побрзо по раскинувањето на врската наоѓаат нова партнерка? Прво што секој би помислил е затоа што тој никогаш не ни ве сакал како што треба и дека неговите чувства биле лажни.

Но, според новата студија, иако таквите претпоставки се сосема логични, би можеле да се изненадите.

Мажите, како и ние, емоционално вложуваат во својата врска. Кога таа ќе прекине, останува голема празнина. Но, мажите имаат многу поголем проблем со јавното покажување на тоа дека раскинувањето ги боли и дека страдаат. Таквото однесување за нив не е прифатливо, бидејќи сметаат дека со тоа би биле жртви на исмејување и сожалување.

Токму затоа, тврдат стручњаците, новата жена во нивниот живот за нив претставува чувство дека сè повторно се враќа во нормала. Таа станува објект кон кој тој го пренасочува своето сексуално, а потоа и емоционално внимание и повторно воспоставува контрола над своите чувства.

Со други зборови – колку повеќе го боли, побрзо ќе заврши со друга. По сè изгледа дека сите мажи не се бесчувствителни и безобзирни , какви што обично ги сметаме по раскинувањето, туку и тие страдаат. Само што поинаку се справуваат со тагата од жените и тоа на начин неприфатлив за понежниот пол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблеми за Србија, без Богдановиќ на Евробаскет

Следно

Папата поради повреда мораше да ги одложи посетите на Конго и Јужен Судан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian