Радев: Ветото за Македонија да не се трга додека не се формира владејачко мнозинство

1 min read

Политичката криза е факт, но за разлика од претходните кризи, таа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев пред медиумите кажа дека во земјата е неопходно одговорно и одржливо владеење, а партиите застапени во парламентот треба што поскоро да најдат излез од ситуацијата.

„Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, кабинетот мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка на бизнисот, да опстои ветото за Република Северна Македонија во согласност со рамката усвоена од Консултативниот совет за национална безбедност и да се гарантира функционирањето на државата“, изјави Радев.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Шакира објави трогателна снимка: Вежба со повредениот татко откако излезе од болница

Следно

Автомобилот омилено превозно средство во Скопје, околу 4% користат велосипед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian