Продолжува доминацијата на МЗТ Скопје, деветта шампионска титула на „металците“

1 min read

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија шампионската титула во домашниот шампионат и ја потврдија доминацијата во мак баскетот откако во финалето на плеј-фот со 3:1 во победи беше подобар од Пелистер.
Победата која им ја донесе деветтата шампионска титула во последните десет сезони, кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија во Битола и тоа со 102:93.

Четвртиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, втор во Битола донесе доста возбудувања, слични на вториот натпревар во финалето, но овој пат „металците“ се радуваа на крајот и со тоа ја потврдија доминацијата до домашната кошарка.

„Металците“ овој пат не ги повторија грешките, ги контролираа играта и резултатот и на крајот сосеа заслужено го кренаа шампионскиот пехар.

Натпреварот започна со израмнета игра, а тоа најдобро го покажа резултатот, 29:28 за МЗТ Скопје по првата четвртина. Кошаркарите на Александар Петровиќ први дојдоа до поголема предност, поведоа со 45:38 и на одмор заминаа до пет поени предност (56:51).

Во третата четвртина, МЗТ Скопје за прв пат поведе и со двоцифрена предност (63:52) но домашниот тим возврати со серија 2:13 и ја врати резултатската неизвесност. Металците брзо направија серија 6:0 и повторно се одлепија (71:63) и предноста не ја испуштија до крајот што значеше деветта шампионска титула.

Милошевиќ со 31 поен, беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје и на крајот беше прогласен за МВП на финалето, а одлична партија прикажаа и Војдан Стојановски и Рикиќ кои дадоа по 17 поени. Кај Пелистер, најдобри беа Малешевиќ со 21 и Кесар со  19 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Финска сака огради на границата со Русија

Следно

Разговор со инструкторката Искра Иваноска: Јас сум дете од Балетското студио Ребис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian