Проблеми за Србија, без Богдановиќ на Евробаскет

1 min read

Кошаркарот на Атланта хоукс, Богдан Богдановиќ, најверојатно нема да настапи за репрезентација на Србија на претстојното Европско првенство, пишува Спортклуб.

Причината за најверојатното отсуство на Богдановиќ од ЕП е операцијата која кошаркарот ја имаше пред 20-тина дена.

– Нашиот репрезентативец пред 2-3 недели го оперираше десното колено и за негово опоравување се потребни најмалку три месеци. Секој ден се слушам со Богдан, кој ме информира дека операцијата која на направи во Калифорнија помина во најдобар ред – изјави докторот на српската репрезентација, Драган Радовановиќ за Спортклуб.

Поради долгата рехабилитација, повеќе од извесно е дека Богдановиќ нема да настапи на Евробаскетот кој треба да се игра од 1 до 18 септември, а Србија се наоѓа во група со Полска, Финска, Израел и Холандија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германскиот канцелар Шолц пристигна во Белград, започна средбата со Вучиќ

Следно

Раскинавте – вие најдовте утеха во чоколадата и пријателките, а тој во друга: За што точно станува збор?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian