Португалците тврдат дека транферот на Нуњез во Ливерпул е завршена работа

1 min read

Уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез ќе биде одговорот на Ливерпул на потегот што Манчестер сити ги направи со ангажманот на Ерлинг Халанд. Португалскиот новинар Педро Спулведа тврде дека Нуњез во летниот преоден рок ќе стане ќе потпише за Ливерпул.

Спулведа тврди дека фудбалерот на Бенфика веќе ги договорил личните услови со европскиот вицешампион и им признал на најблиските пријатели и роднини им признал дека од следната сезона ќе настапува во Премиер лигата.

Нуњез се договорил да потпише петгодишен договор вреден 6 милиони евра нето по сезона, а Бенфика би требало да инкасира 100 милиони евра како обесштетување. Наводно понудата која е испратена на адресата на португалскиот тим изнесува 80 милиони евра плус 20 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британско разузнавање: На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера

Следно

ФОТО | „После цел живот дводелен костим за капење“: Ивона Јо ужива на својот летен одмор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian