Лига на нации: Мбапе ја спаси Франција од пораз против Австрија

1 min read

Актуелниот светски шампион Франција успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Австрија во рамки на третото коло од групата а во дивизијата А во Лигата на нации играјќи 1:1 на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.

Австријците под водство на новиот селектор Ралф Рангник поведоа во 37 минута од натпреварот со голот на Вајман.

Во продолжение од натпреварот, Французите ја презедоа иницијативата, имаа поголем посед на топката и повеќе шанси, но до израмнувачкиот гол дојдоа дури во 83 минута. Стрелец на голот беше Килијан Мбапе по асистенцијата на Нкунку.

Во вториот натпревар во групата, Хрватска со 1:0 славеше на гости против Данска. Првото полувреме помина во доминација на Данците, додека „коцкестите“ не упатија ниту еден шут кон противничкиот гол.

Но, сè се смени во второто полувреме кога во игра влегоа Модриќ и Ковачиќ кои ја презедоа контролата на теренот и Хрватска заигра далеку подобро, поагресивно и поконкретно, а наградата за таквата игра дојде во 69 минута кога Пашалиќ го постигна единствениот гол на натпреварот.

Во дивизијата Б, Израел како гостин славеше со 1:2 против Албанија и тоа откако направи пресврт во второто полувреме. Албанците поведоа со голот на Броја во финишот од првиот дел, но во второто полувреме Соломон постигна два гола за триумф на Израел.

Резултати:
Дивизија А
Австрија – Франција 1:1
Данска – Хрватска 0:1

Дивизија Б
Албанија – Израел 1:2

Дивизија Ц
Азербејџан – Словачка 0:1
Белорусија – Казахстан 1:1

Дивизија Д
Молдавија – Летонија 2:4
Андора – Лихтенштајн 2:1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ е подготвена да ја поддржи Шпанија во спорот со Алжир

Следно

Шангај повторно се затвора: Над 15 милиони луѓе ќе бидат во строг карантин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian