Леброн сака да биде газда на НБА тим и да игра во Лас Вегас

1 min read

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс и на НБА лигата, Леброн Џејмс кого магазинот „Форбс“ го прогласи за милијардер, има следна цел, сака да биде сопственик на екипа во најсилната кошаркарска лига. Неговата желба е тимот да игра во градот на коцката, Лас Вегас.

– Сакам да бидам сопственик на НБА екипа и сакам клубот домашните натпревари да ги игра во Лас Вегас – изјави Џејмс во најновото издание на ток-шоуто „Шоп“.

Лас Вегас и Сиетл се градовите кои најчесто се споменуваат дека ќе добијат тим во НБА лигата, но комесарот на лигата, Адам Силвер засега не размислува за проширување на најсилната кошаркарска лига.

Леброн е сопственик на СпрингХил, компанија за продукција на филмови, а Џејмс минатата година дебитираше на филмското платно со анимираниот филм „Вселенски баскет 2“ во кој ја играше главната улога.

Тој исто така е делумен сопственик на Фенвеј Спортс Групата, која е сопственик на бејзбол клубот Бостон Ред Сокс, на англискиот премиерлигаш Ливерпул и на НХЛ тимот Питсбург Пингвинс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицотакис: Западен Балкан во ЕУ до 2033 година, првиот чекор да биде одлука за две седмици за Северна Македонија и Албанија

Следно

ВИДЕО | Шакира објави трогателна снимка: Вежба со повредениот татко откако излезе од болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian