Инфлацијата не ја заобиколи ниту САД, достигнат е нов четириесетгодишен максимум

1 min read

Годишниот раст на потрошувачките цени во САД достигна 8,6 отсто во мај, што е нов четириесетгодишен максимум, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.

Цените забележаа најголем месечен раст од декември 1981 година.

Годишниот раст на цените во мај е поголем од април кога изнесуваше 8,3 отсто, соопшти Министерството за труд.

На месечна основа, цените се зголемија за еден отсто во текот на април, а растот беше 0,3 отсто во текот на март. Најголем дел од ова поскапување се припишува на многу повисоката цена на горивото.

Цените на енергијата се зголемија за 34,6 отсто на годишно ниво, што е најголем пораст од септември 2005 година. Цената на храната со пораст од 10,1 отсто на годишно ниво е највисока од март 1981 година.

Високата инфлација во САД врши голем притисок врз семејствата кои треба да платат многу повеќе за храна, бензин и кирија и ја намалува нивната способност да плаќаат за други услуги и стоки, како што се фризерите и електрониката. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Разговор со инструкторката Искра Иваноска: Јас сум дете од Балетското студио Ребис

Следно

Германците не сакаат да клечат за поддршка на кампањата против расизмот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian