Германците не сакаат да клечат за поддршка на кампањата против расизмот

1 min read

Германските репрезентативци не планираат да клекнат пред почетокот на натпреварот против Унгарија во Будемпешта за поддршка на кампањата против расизмот.

Оваа вест пред утрешниот натпревар од третото коло во Лигата на нации, ја пренесе директорот на германската репрезентација Оливер Бироф.

– Немаме план против Унгарија да клекнеме пред почетокот на натпреварот – изјави Бироф.

Германците на последниот натпревар во Лигата на нациите, што го играа во Минхен против Англија, го следеа примерот на играчите на „Гордиот Албион“.

– Тогаш имавме со Англичаните пред натпреварот и со тој потег сакавме да им дадеме поддршка – додаде Бироф.

Натпреварот меѓу Унгарија и Германија ќе се игра утревечер на „Пушкаш“ арената во Будимпешта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инфлацијата не ја заобиколи ниту САД, достигнат е нов четириесетгодишен максимум

Следно

Кои се трите најверни хороскопски знаци?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian