Пејачката Ивона Јовановска попозната како Ивона Јо ужива на летен одмор во соседна Грција, од каде деновиве со своите пријатели и обожаватели споделува фотографии и видеа. Меѓу другото, Ивона се пофали дека конечно облекла дводелен костим за капење.
Младата пејачка со години отворено зборува за борбата со вишокот килограми. Низ годините, таа својот инстаграм-профил го користи како простор каде споделува позитивни пораки до своите следбеници велејќи дека треба да се прифатат такви какви што се.
Сепак, колку и да се сакаме себеси такви какви што сме, здравјето е најважно. Затоа Ивона реши да направи операција за стеснување на желудникот во Турција и доживеа неверојатна транформација на физичкиот изглед.
Околу целиот процес на трансформација, и за тоа колку се променило нејзиното тело, Ивона информира на својот инстаграм-профил истакнувајќи дека е горда на своето тело и лузни по операцијата.
„После цел живот – дводелен костим“, напиша таа во описот на едната фотографија што ја сподели од својот летен одмор.
Ивона Јо сега прави избори кои никогаш во животот не ги направила. Ова лето пејачката се одлучила за првпат да облече дводелен костим за капење и изгледа пресреќно!