Еквадор нема да биде дисквалификуван од Мундијалот во Катар

1 min read

Фудбалската репрезентација на Еквадор ќе настапи на претстојното Светско првенство што во ноември и декември ќе се игра во Катар.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одби жалбата на фудбалската федерација на Чиле која бараше дисквалификација на Еквадор.

Чилеанците бараа од ФИФА да испита дали Еквадор ги фалсификувал документите на својот репрезентативец Бајрон Кастиљо, односно дали е роден во Колумбија, а не во Еквадор како што му пишува во пасошот.

Фудбалската федерација на Чиле тврдеше дека има документи кои потврдуваат дека Кастиљо немал право да настапува за селекцијата на Еквадор во квалификациите за СП, но ФИФА денеска објави дека дисциплинската комисија го затворила случајот и Еквадор нема да биде дисквалификуван.

Чилеанците можат да ја оспорат оваа одлука пред комитетот за жалби при ФИФА,а подоцна и пред Судот за спортска арбитража.

Еквадор на Мундијалот во Катар ќе игра во групата А заедно со Катар, Холандија и Сенегал.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кумановец и светиниколец земале возила од рентакар и не го вратиле

Следно

Германскиот канцелар Шолц утре Скопје на средба со премиерот Ковачевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian