Ќе ве врати во детството: Старински колач со вишни од само пет состојки

1 min read

Сочните црвени вишни наголемо можат да се најдат во нечиј двор или на пазар.

Токму сега е вистинското време да си го направите прочуениот жолт колач од вишни во кој ќе уживаат сите генерации.

Него одамна го правеле нашите баби во текот на летните денови затоа што е навистина освежителен, заситува и брзо се подготвува.

Вишните се многу здрави, а нивната киселост е идеална за топлите летни денови. Доколку и вие сакате по ручекот да си се засладите со десерт, кој не бара многу труд, ова е вистинскиот колач за вас.

Состојки:

– 5 јајца
– 180 г шеќер
– 130 г брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 400 г вишни

Подготовка:

Јајцата изматете ги со миксер за да добиете густа пена, а потоа додека матите, полека додајте го шеќерот.

Брашното помешајте го со прашокот за печиво, потоа додајте го во смесата и рачно мешајте додека не добиете мазна смеса.

Тестото ставете го во плех што претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Одгоре распоредете ги вишните (без семки). Печете го колачот во рерна на 180 степени Целзиусови околу 25 минути.

По желба, откако ќе се испече колачот, посипете го со шеќер во прав.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мандилиниќ по заминувањето од Е. Пелистер потпиша за АЕК Атина

Следно

Мицкоски не очекува власта да се повлече, но смета дека се чекор поблиску до предвремени избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian