Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала наскоро би требало да потпише за Интер.
Првата официјална средба меѓу претставници на фудбалерот и на Интер поминала во позитивна атмосфера, по што Дибала им на „нераѕурите“ дека Милано е „неговата омилена дестинација“ објави Скај Италија.
Скај открива дека Дибала и неговиот агент Хорхе Антун, ги посетиле просториите на Интер каде имале средба со директорот Џузепе Марота и потпретседателот Хавиер Занети.
Челниците на Интер му понудиле на Дибала четиригодишен договор според кој фудбалерот би заработувал шест милиони евра годишно плус бонуси, додека Аргентинецот бара два милиони повеќе, но Скај очекува наскоро двете страни да изнајдат решение на следната средба која е закажана викендов.
#Calciomercato #SerieA | @Inter: positivo il primo incontro con l’entourage di #Dybala. I dettagli e la situazione https://t.co/ExEc2jwFWU
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 8, 2022
Доколку Дибала се пресели во Интер ќе му зарие нож во грб на Јувентус, бидејќи ќе се пресели во редовите на најголемиот ривал на „старата дама“.
Дибала си замина од Јувентус бидејќи не успеа да најде заеднички јазик со челниците на екипата околу новиот договор. Аргентинецот во Јувентус пристигна во 2015 година од Палермо и на 210 натпревари во Серија А постигна 82 гола.