Деветта шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром, Муцунски ја честиташе победата

1 min read

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во домашното првенство, откако го совладаа Пелистер со 3-1 во финалната серија по вечерашниот триумф во Битола од 102-93.

За МЗТ Скопје ова е деветти шампионски трофеј во клупската историја, додека Пелистер го играше своето прво финале во разигрувањето за титулата.

На патот до титулата во финалето од плејофот, МЗТ Скопје Аеродром забележа два убедливи триумфи на домашен терен од 91-76 и 86-62, додека Пелистер во првиот натпревар во салата „Боро Чурлевски“ славеше со 82-79 по продолжение.

Градоначалникот на општина Аеродром на своите профили на социјалните мрежи ја честиташе победата. 

– Аеродром слави титулa. Деветта шампионска титула за МЗТ Скопје, радувај се Аеродром, напиша Муцунски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Шангај повторно се затвора: Над 15 милиони луѓе ќе бидат во строг карантин

Следно

Реал и Барселона ќе играат „Ел Класико“ во Лас Вегас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian