Четири важни промени: Што се случува со мажите кога ќе наполнат 50 години?

3 mins read

Како што стареете, вашето тело поминува низ постојани промени. Некои се мали и незабележливи, додека некои се големи и можат да имаат големо влијание врз вашиот организам. Во текот на животот, најголеми промени се јавуваат во пубертетот, но кога мажите ќе наполнат 50 години, започнува т. н. средовечна криза, кога човекот уште еднаш поминува низ големи промени во организмот.

Иако овие промени се многубројни, решивме да го привлечеме вашето внимание и да ви ги претставиме четирите најважни работи.

Еве за што станува збор:

1. Ограничување на мускулите

Еден маж во 50-тите години од животот тешко може да биде силен и подвижен како маж во 20-тите или 30-тите. Мускулите ја губат својата еластичност и стануваат ограничени и цврсти. Тоа значи дека тие не можат да бидат активирани и правилно да се развиваат, и затоа мажите на средовечна возраст немаат сила како порано. Се разбира, ако ги сакате спортот и физичката активност, сѐ уште можете со тоа да се занимавате, но сега треба најмногу внимание да посветите на истегнувањето, со цел да се избегнат повредите. Мускулната маса и тонираноста на мускулите се намалуваат и се појавува артритис. За да се намалу болката во мускулите, важно е да се продолжи да се прави она во кое се ужива и редовно да се користат сите групи на мускули.

2. Недостаток на вода во телото

Кога ќе се родите, процентот на вода во вашето тело е 61отсто, но кога ќе ја поминете бројката од 50 години, водата во вашето тело паѓа на 54 отсто. Затоа е многу важно да пиете многу вода и да го хидрирате вашиот организам.

3. Недостаток на тестостерон

Машките хормони престануваат да се лачат и тестостеронот опаѓа во вашето тело. Ова остава најголеми последици на вашиот сексуален живот, така што мажите во овие години почнуваат да ги забележуваат првите проблеми со потенцијата и сексуалниот нагон. За нивото на тестостерон да се врати во нормала, важно е редовно да се вежба за да се намали нивото на маснотии во телото. Колку сте во подобра форма, мускулите помалку ќе се оштетуваат и со тоа ќе се користи помалку тестостерон за нивно обновување.

4. Ментална нестабилност

Ова не значи дека ќе полудите кога ќе наполните 50 годинни, но сугерира на тоа дека сте ментално почувствителни во таа животна доба. Појавата на депресија, анксиозност, нервоза и други слични состојби се почести во овие години. Поради ова, голем број мажи развиваат потреба за алкохол или никотин, бидејќи на тој начин се „бранат“ од ваквите нарушувања на менталната состојба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Партизан се откажа од плеј-офот, КСС го потсети дека добива пари од државата

Следно

Кабел предизвика пожар во центарот на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian