Британско разузнавање: На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера

2 mins read

Вториот човек на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, откри дека Украина моментално губи на првите линии и е целосно зависна од пристигнувањето на оружје од Запад.

Тој вели дека ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и сега користат ракети на НАТО. Но, ситуацијата се влошува, додава тој, бидејќи на Европа и снемува оружје.

-Иднината сега ќе се решава на фронтот, а ние губиме во контекст на артилерија. Сега се зависи од тоа што ќе добиеме од Запад. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 руски, рече тој.

Британското разузнавање, пак, утринава објави дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за населението на териториите што ги зазема. Проблеми има и со водоснабдувањето како и со телефонските и интернет услугите.

Во Керсон има критичен недостиг на лекови, додека на Мариупол му се заканува голема епидемија на колера. Првите случаи беа изолирани минатиот месец.

„Медицинските служби во Мариупол веројатно веќе се блиску до колапс. Епидемијата на колера дополнително ќе влоши ситуација“, велат од британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.

Ризикот од колера во Мариупол го потврди и пребегнатиот заменик-градоначалник Серхи Орлов. Стотици илјади луѓе останаа во градот.

„Апсолутно е можно епидемијата да се прошири во овие услови. Санитарниот систем е нефункционален, се е полно со трупови под урнатините, а медицинската нега практично не постои. Русија продолжува да ги блокира сите обиди за добивање хуманитарна помош“.

„Тука нема хуманитарна организација, Црвен крст, ОН или СЗО. Значи, нашите граѓани добиваат мала хуманитарна помош од руските окупатори, но според нашите проценки таа е премалку, тоа е една десетина од потребната количина храна и вода“, рече тој.

kurir.mk

Претходно

Мицкоски не очекува власта да се повлече, но смета дека се чекор поблиску до предвремени избори

Следно

Португалците тврдат дека транферот на Нуњез во Ливерпул е завршена работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian