Барселона ќе го задржи еден од најголемите фудбалски таленти што се појави во последните 20-тина години од сопствената академија „Ла Масија“, Гави. Младиот 17-годишен фудбалер кој веќе е стандарден член на шпанската сениорска репрезентација одлучи да остане во Барселона и покрај големиот интерес од Ливерпул.
Новинарот кој е специјалист за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, објави дека преговорите се во завршна фаза и Гави наскоро ќе потпише петгодишен договор, а откупната клаузула ќе изнесува неверојатни милијарда евра.
Иако не е познато колкава ќе му биде платата, се шпекулира дека во првата година, таа ќе изнесува два милиони евра, но секоја година ќе се зголемува.
Пред неколку дена, шпанските и англиските медиуми објавија дека Ливерпул бил подготвен да и го украде Гави на Барселона нудејќи да ја плати клаузулата која изнесувала 50 милиони евра, а на фудбалерот му нудел плата од дури девет милиони евра по сезона.
Pablo Gavi’s agent de la Peña will meet with Barcelona board today. Discussions on new contract are entering into final stages, five year deal on the table. Current release clause worth €50m will be removed. ⭐️🇪🇸 #FCB
New release clause included by Barça is worth €1B. pic.twitter.com/W0UjSmoM25
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 10, 2022
Сепак, Гави одлучил дека Барселона е идеалниот тим за неговиот развој и затоа се согласил да потпише нов договор.
Гави веќе одигра девет натпревари за шпанската репрезентација, а неодамна во дуелот против Чешка го постигна и првиот гол во репрезентативниот дрес. Минатата сезона за Барселона одигра дури 47 натпревари во сите конкуренции иако на 5 август ќе наполни 17 години.