Автомобилот омилено превозно средство во Скопје, околу 4% користат велосипед

7 mins read

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја. Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти и 2,6 проценти меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3 проценти.

Во Скопје над 42 проценти најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач). На второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13 проценти, додека околу четири проценти најчесто патуваат со велосипед. Над 10 проценти користат повеќе од едно превозно средство, што значи дел од патувањето е со автобус или автомобил, а дел пеш или некое друго превозно средство.

Речиси половина од мажите во Скопје најчесто до работа или училиште патуваат со автомобил, за разлика од 34 проценти од жените. Речиси 20 проценти од жените во Скопје најчесто патуваат со автобус, за разлика од осум проценти од мажите. Пеш патуваат над 16 проценти од жените и над 10 проценти од мажите.

Од скопските општини пеш најчесто до работа или училиште одат во Центар – 31 процент (36 проценти од жените) и Чаир – 24 проценти (26 проценти од жените), додека најретко пеш одат во Бутел – 8 проценти и Ѓорче Петров – 7 проценти (5 проценти од мажите).

Со велосипед до работа или училиште најчесто одат во Аеродром и Карпош – по 6 проценти, а најмалку во Сарај и Шуто Оризари по еден процент.

Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26 проценти, Ѓорче Петров – 20 проценти и Гази Баба – 19 проценти, а најмалку во Центар – 4 проценти и Карпош – 8 проценти.

Во Аеродром 17 проценти од жените најчесто користат градски автобус, а тоа го прават само пет проценти од мажите.

Над половина од мажите во општина Аеродром најчесто користат автомобил, и тоа како возач, 8 процени одат пеш, шест проценти со велосипед и само пет проценти со автобус.

Автомобил најчесто користат и жените во општина Аеродром – 31 процент како возач и седум проценти како сопатник. На второ место е автобусот – 17 проценти, потоа пеш – 14 проценти и пет проценти со велосипед.

Во Бутел над 28 проценти од жените и 11 проценти од мажите најчесто користат градски автобус.

Околу 55 проценти од мажите во општина Бутел најчесто користат автомобил, потоа 11 проценти користат градски автобус, седум проценти одат пеш и три проценти со велосипед.

Над 30 проценти од жените во општина Бутел најчесто користат автомобил (како возач) и осум проценти најчесто како совозач, 28 проценти користат градски автобус, 10 проценти најчесто одат пеш и само еден процент користат велосипед.

Во Гази Баба над 30 проценти од жените и 10 отсто од мажите најчесто користат градски автобус.

Над половина од мажите во општина Гази Баба најчесто најчесто користат автомобил, 10 проценти градски автобус, шест проценти одат пеш и три проценти возат велосипед.

Жените во општина Гази Баба најчесто до работа патуваат со градски автобус – 30 проценти, потоа со автомобил – 26 проценти, 11 проценти најчесто одат пеш и само еден процент најчесто користат велосипед.

Во Ѓорче Петров мажите најчесто користат автомобил, а жените градски автобус.

Над половина од мажите во општина Ѓорче Петров најчесто користат автомобил, потоа 12 проценти патуваат со градски автобус, пет проценти пеш, а четири проценти најчесто користат велосипед.

Меѓу жените во општина Ѓорче Петров, најголемиот дел или над 30 проценти користат градски автобус, потоа 28 проценти автомобил, осум проценти пеш и три проценти велосипед.

Во Карпош над 16 проценти од жените и девет проценти од мажите најчесто до работа одат пеш.

Околу 48 проценти од мажите во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), девет проценти одат пеш, седум проценти возат велосипед и четири проценти патуваат со градски автобус.

Над една третина од жените во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), 16 проценти одат пеш, 11 проценти патуваат со градски автобус и пет проценти со велосипед.

Една петтина од жените во Кисела Вода најчесто користат градски автобус, а осум проценти од мажите.

Околу 52 проценти од мажите во општина Кисела Вода најчесто до работа користат автомобил, пеш или со градски автобус одат по осум проценти, а со велосипед најчесто четири проценти.

Над две третини од жените во општина Кисела Вода најчесто до работа одат со автомобил и тоа 28 проценти како возач, а седум како совозач. Над 21 процент одат со градски автобус, 15 проценти најчесто пеш и три проценти со велосипед.

Над половина од мажите и една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил.

Над половина од мажите во Сарај најчесто користат автомобил, 16 проценти градски автобус, 10 проценти пеш и само еден процент со велосипед.

Една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил (како возач) и девет проценти најчесто како совозач. Над 26 отсто најчесто патуваат со градски автобус и 13 проценти пеш.

Над 36 проценти од жените и 24 проценти од мажите во Центар најчесто на работа одат пеш.

Над 37 проценти од мажите во Општина Центар најчесто користат автомобил, 24 проценти одат пеш и само два проценти користат градски автобус.

Над 36 проценти од жените во Општина Центар најчесто одат пеш до работа или училиште, 24 проценти користат автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти велосипед.

Околу 26 проценти од жените и 22 проценти од мажите во Чаир најчесто на работа одат пеш.

Над една третина од мажите во општина Чаир најчесто користат автомобил, 22 проценти одат пеш, десет проценти со градски автобус и пет проценти со велосипед.

Жените во општина Чаир најчесто на работа или училиште одат пеш – 26 проценти, потоа со градски автобус или автомобил – по 22 проценти и само еден процент со велосипед.

Над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите во Шуто Оризари најчесто користат градски автобус.

Во општина Шуто Оризари 35 проценти од мажите најчесто го користат автомобилот како превозно средство, потоа 20 проценти градски автобус, девет проценти пеш и два проценти со велосипед.

За над 38 проценти од жените во Шуто Оризари најчесто превозно средство е градски автобус, 15 проценти со автомобил, а десет проценти пеш.

skopjeinfo.mk

Претходно

Радев: Ветото за Македонија да не се трга додека не се формира владејачко мнозинство

Следно

Шолц од Приштина: Во ЕУ нема место за земји што не се признаваат меѓусебно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian