16 возачи во Скопје вчера возеле без возачка

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Следно

„Европски Oлимписки Kомитет“, Груби: Овој настан покажува единство на вредностите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian