ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до самиот крај на оваа, како и во почетокот од следната недела времето и понатаму ќе се задржи нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и заислен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови и локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие уште утре ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвежо ќе биде токму во текот на утрешниот ден, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека од сабота па натаму температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбојкарите ја прекинаа серијата порази и останаа во игра за полуфинале во Европската сребрена лига

Следно

Дневен хороскоп за 9 јуни: Најважна е меѓусебната почит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian