Власта одби расправа за несреќите на Беса транс и модуларната болница

1 min read

-Власта не дозволува да расправаме за информацијата за сообраќајната несреќа на автобусот на Беса транс и несреќата во модуларната болница во Тетово во кои загинаа 60 лица, обвини Халил Снопче претседател на Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните.

Поради отсуство на пратениците од власта комисијата немаше кворум за расправа.

-За жал власта одлучи да не дојде и да не обезбеди кворум за да нема дебата за точки кои ги засегаат човековите права. Комисијата е нефункционална поради блокада од власта. Власта прави кворум кога станува збор за делење тендери, задолжувања и отворање на казина, но не и кога треба да расправаме за трагедиите со 60 жртви, рече Снопче.

Тој информира дека за несреќата на Беса транс добил информација од Министерството за транспорт но не и од МВР и од Царина иако писмено побарал.

Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ оцени дека како што претседателот на Собранието Талат Џафери неодамна избегал од расправа за повреда на етичкиот кодекс, денес власта бега од расправа за несреќи во кои имаше човечки жртви.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Синот на славниот актер пронајден мртов на паркинг

Следно

Малолетен мотоциклист заврши во болница по судир со „рено“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian