ВИДЕО: „Воините“ без шанси, Бостон 38 години нема пораз на домашен терен во големото НБА финале

1 min read

Кошаркарите на Бостон селтикс го совладаа Голден Стејт вориорс со 116:100 во третиот натревар од големото финале во НБА лигата и поведоа со 2:1 во победи.

Со триумфот над „воините“, Бостон ја продолжи неверојатната серија која трае веќе 38 години и во која тимот од Масачусетс нема пораз на домашен терен во финалните натпревари.

Кошаркарите на Бостон одлично го отворија натпреварот и во првите две минути постигнаа три тројки, а по осум минути игра имаа предност од дури 15 поени (24:9) и двоцифрената предност ја одржуваа до полувремето кога заминаа на одмор со 12 поени (68:56).

„Воините“ повторно покажаа дека играат фантастично во третата четвртина и со серијата 0:12 дојдоа до првото водство на натпреварот 82:83. Сепак, Бостон успеа да мини серија во последните моменти од четвртината да дојде до предност од 93:89.

Во последната четвртина, Џејлен Браун, Џејсон Тејтум и Маркус Смарт постигнуваа поени кога беше најпотребно и ги одбија обидите на „воините“ да се вратат резултатски во игра и на крајот да слават со конечни 116:100.

Најдобри во редовите на Бостон беа Џејлен Браун 27 поени, Џејсон Тејтум со 26 и Маркус Смарт со 24 поени, додека кај Голден Стејт, Стеф Кари даде 31, а Клеј Томпсон 25 поени.
Четвртиот натпревар во големото финале се игра во ноќта помеѓу петок и сабота, а Бостон повторно е домаќин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Skopje Street Art

Следно

Не се алармантни само промените на бенките – добро погледнете ги и ноктите, може да укажуваат на меланом

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian