ВИДЕО | Супер трик: Еве како да ги излупите компирите без мака!

1 min read

Компирот е една од омилените намирници на нашите простори бидејќи го користиме за различни рецепти.

Без разлика дали се работи за слатко или солено јадење, со него секогаш може да се направи некоја комбинација.

Меѓутоа, кога станува збор за подготовката на компири, особено за лупењето, ретко кој ужива во тој дел од работата. Лупењето, особено на младиот компир, е многу напорна и здодевна работа која многумина со задоволство би ја избегнале.

Дали знаете дека постои начин младиот компир речиси самостојно да се излупи?

Потребно е со нож да изрежете плиток прстен околу компирот, а потоа да го ставите во врела вода да се свари, а кога ќе се свари, процедете го и прелијте го со ладна вода.

По извесно време, само истријте го и лушпата сама ќе падне.

Вечна дилема: Дали се подгрева пирето од компири, и како?

Кога би знаеле колку е лековит сокот од компири, би го пиеле секој ден!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Слободен печат“: Петков на тест – бугарски губитник или европски херој?

Следно

Ламбе Алабаковски е пуштен во куќен притвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian