ВИДЕО: Нант му приреди кралско збогум на Лазаров

1 min read

Пред последниот меч на домашен терен францускиот клуб приреди вистинско шоу како испраќање во играчка пензија за Кирил Лазаров

Кирил Лазаров доживеа кралско збогување од активното играње од неговиот сегашен клуб Нант, пред мечот на домашен терен со Тулуз.

Нант уште во претходното коло го обезбеди второто место, па победата над вчера Тулуз 32-18 нема големо значење. Лазаров постигна три гола (два со спектакуларни цепелина) и подели уште неколку одлични асистенции за соиграчите.

За време на викендот следи финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант, што ќе биде последен натпревар во сезоната и последен натпревар во кариерата на Лазаров.

Вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, по што беше организирана прославата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За прв пат Гази Баба додели по 3000 денари за секој ученик на генерација

Следно

Синот на славниот актер пронајден мртов на паркинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian