ВИДЕО | Македонија како помала земја може да има поголем бенефит од „Отворен Балкан“, анализираат Николовски и Србиновски

2 mins read

Вчера лидерите на „Отворен Балкан” ја потврдија заложбата за отворени граници, слободен проток на стоки, капитал и работна сила, a соработката и меѓусебната поддршка, како што рекоа на Самитот во Охрид, веќе даваат резултати.

– Впечатоците од „Отворен Балкан“ се на завидно ниво и од репортерските екипи кои известуваа за овој настан, па се до делегациите кои ги пратеа високите делегации, челници, лидери, кои го имаа завршниот збор. Претседателите, премиерите на околните држави и на оние кои беа само како гости имаа прдружба од голем број на соработници, како од економијата, инфраструктурата кои сериозно пристапија на оваа иницијатива, изјави за Утрински брифинг новинарот, Дејан Србиновски.

-Од она што успеав да поразговарам со претставниците на стопанските комори, впечатокот е дека во наредниот период сериозно се размислува да се имплементираат сите оние работи кои беа вчера потпишани, додава Србиновски.

Според новинарот, Љубиша Николовски РС Македонија, никогаш како досега не била толку добро меѓународно и регионално етаблирана.

-Почнувајќи од Брисел, ЕУ, САД и земјите во регионот, освен Бугарија. „Отворен Балкан“ не е ЦЕФТА, не е Берлински процес, но е изворна иницијатива на земјите од Балканот и тоа е добра оставштина кои го иницираа овој „Отворен Балкан“, додава Николовски.

Присеќавајќи се на едно постаро интервју, на екс премиерот Зоран Заев како, кога бил дете одел со родителите на пазарите во Србија да продава струмички земјоделски производи, Николовски рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ е добра во тој правец за Македонија:

-Македонија како помала земја може да има поголем бенефит од „Отворен Балкан“. Станува збор за економски и туристички поголем пазар од 12 милиони луѓе, рече Николовски.

Целата анализа за „Отворен Балкан“ на новинарите Љубиша Николовски и Дејан Србиновски како и за другите случувања деновиве како протестот за ослободување на Ламбе Алабаковски, македонско – бугарскиот дијалог и француската иницијатива за интеграција на РСМ и Албанија во ЕУ погледнете ја во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Атанас Атанасовски, актер

Следно

За прв пат Гази Баба додели по 3000 денари за секој ученик на генерација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian