ВИДЕО | Маче открива дека течниот сапун за раце и не е баш вкусен: Нејзината реакција е урнебесна

1 min read

Љубопитноста е една од главните карактеристики на мачките. Секој што има мачка знае дека таа ќе го намириса секој нов предмет во домот, дека ќе дотрча до речиси секое шушкање и дека често ќе се турка насекаде, истражувајќи ги работите околу неа. Дури и кога тие работи се на пример, течен сапун.

Во ова видео кое се појави на „Редит“ една слатка мала мачка од открива дека течниот сапун за раце баш и нема одличен вкус.

Мачката седи на мијалникот, на безбедно растојание од водата што полека истекува од чешмата. Во еден момент се навалува на сапунот, а нејзината реакција од неочекувано непријатниот вкус е ужасно смешна.

„Леле, секој мора да научи на потешкиот начин“, „Ова ме потсетува на ситуација кога го лижнав од лосионот за после бричење на татко ми“, „Зошто има толку ужасен вкус ако мириса толку добро?“, „Ние моравме да се префрлиме на течен сапун затоа што ја фативме нашата мачка како неколку пати го лиже обичниот сапун. Мислам дека ѝ се допаѓаше“, се дел од коментарите на ова смешно видео.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шпанија и Португалија без проблеми, Србија ја освои Шведска

Следно

Ленче Ристоска: Задоволни сме од пресудата за „Талир 2“, се докажа дека тоа е корупциски предмет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian