Стејт департментот со пофалби за „Отворен Балкан“

1 min read

Американскиот Стејт департмент ја поддржува секоја регионална иницијатива заснована на европски принципи, која има за цел економско зајакнување на земјите од Западен Балкан. Изјавата е дадена еден ден откако претставниците на трите земји од Отворен Балкан (Србија, Албанија и Северна Македонија) вчера, на Самитот на иницијативата во Охрид, потпишаа неколку договори.

Портпаролот на Стејт департментот одби да коментира за Радио Слободна Европа за фактот дека Косово одбива да биде дел од „Отворениот Балкан” и не сака да присуствува на состаноците, но истакна дека „поблиска и поинтегрирана соработка низ Западен Балкан привлекува енергетски инвестиции”.

-САД ги поддржуваат овие и други иницијативи, кои ја продлабочуваат регионалната економска соработка и го унапредуваат европскиот пат, соопшти Стејт департментот.

На 8 јуни, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека САД не гледаат на Западен Балкан од перспектива на проблемите од 1990-те, туку преку можностите на 21. век.

Ескобар рече и дека Западен Балкан има потенцијал да биде центар на обновлива енергија, центар за течен природен гас и ја отвора можноста Европа да се ослободи од зависноста од рускиот гас.

Ескобар рече и дека „Отворен Балкан” треба да остане економски, а не политички проект и да се фокусира на луѓето од регионот и дека на тој начин ќе има поддршка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ем здрава, ем вкусна: Кремаста паста со зеленчук од рацете на Стефанија Несторовска

Следно

Олимписки ден во Бутел заедно со првиот човек на светскиот спорт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian