Празничното издание на „Слободен печат“ донесува:
Хроника
Во Софија врие како во кошница по излегувањето на Трифонов од владата: Петков на тест – бугарски губитник или европски херој?
– Цел Северна Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа. Сè додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам – рече еврокомесарот Вархељи пред посетата на Софија, каде што имаше средби со Петков, Радев и Генчовска.
Судот ќе го конфискува незаконски стекнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ: Најбогата партија во Европа ќе стане најсиромашна
– Доколку пресудата стане правосилна, конфискуваниот имот ќе стане сопственост на Владата на Македонија, а со него ќе стопанисува владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР). Според сегашната пазарна вредност, станува збор за имот вреден повеќе од 10 милиони евра.
Украинските бегалци соочени со тешкотии во Македонија: Има вербална поддршка, ама нема здравство, сместување, работа…
– Од полицијата велат дека според Законот за меѓународна и привремена заштита, едно лице може да поднесе барање за азил, а органот одлучува дали лицето исполнува услови за статус на бегалец или статус на супсидијарна заштита. Но, проблемот е што такви барања не пристигнуваат.
Економија
Предупредувања од Светската банка и ОЕЦД: Војната не запира, глобалниот раст се стрмоглавува
– Доколку нешто не се преземе, постои голема опасност од криза во снабдувањето со храна, предупреди ОЕЦД.
Свет
Обемен експеримент во Британија: Со ден помалку работа иста плата и поголема продуктивност
– Почнувајќи од понеделникот, па сѐ до крајот на ноември, близу 3.000 вработени во 70 компании низ Британија ќе работат по четири дена во неделата, а платата ќе им остане непроменета.
Спорт
Одбојка, Европска сребрена лига: Нова надеж за фајнал-фор по победата над Романија
– Македонија ја совлада Романија во Скопје со 3-1. Во следниот меч в сабота на гости кај БиХ, потребна ни е убедлива победа, но и поволен исход од другиот меч во групата, Романија – Албанија, за да се пласираме во завршницата
Здравје
Интервју со проф. д-р Калина Гривчева-Старделова: Пандемијата ја потврди важноста на лекарите, во здравството мора да се инвестира
– Пандемијата само ја потврди важноста на докторската професија, а нам ни покажа дека само заедно, сплотени, со интегриран пристап можеме да изнајдеме решение за проблемите со кои се соочуваме, вели претседателката на Лекарската комора
Утре и два мини-прилога – Културен печат и за ТВ и филм