Синот на славниот актер пронајден мртов на паркинг

1 min read

Синот на познатиот американски актер и пејач Џек Вагнер (62) e пронајден мртов во понеделникот наутро на паркинг во Лос Анџелес.

Харисон Вагнер имаше само 27 години, а неговиот татко е најпознат по улогите во сериите „Мелроуз плејс“, „Санта Барбара“ и „Општа болница“.

Харисон е прогласен за мртов на лице место околу 5 часот наутро, а засега не се знае од што и под кои околности починал. Во тек е истрага, а причината за смртта е наведена како „одложена“.

По обдукцијата, причината за смртта не е утврдена, па затоа се бара дополнителна истрага за смртта, која вклучува дополнителни испитувања, соопштија од судска медицина како образложение за одложувањето.

Џек (62) сè не се огласил по повод ненадејната смрт на својот син, кој го доби со поранешната сопруга Кристина Вагнер. Џек и Кристина се разведоа во 2006 година по 13 години брак, а го имаат и синот Питер (31). Џек, исто така, има и ќерка Кери (34) од претходната врска.

Пред смртта, Харисон се борел со зависноста, поради што исчезнал во 2016 година после што повторно се вратил.

Неговиот татко Џек отворено зборувал за проблемите на синот, но истакнал дека Харисон конечно почнал да се враќа во нормалниот живот и дека е на добар пат.

Последната објава на Харисон на Инстаграм, објавена на 22 мај, e полна со надеж и оптимизам.

„Фокус. Остануваш ти и твоите мисли.“

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Нант му приреди кралско збогум на Лазаров

Следно

Власта одби расправа за несреќите на Беса транс и модуларната болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian