Што прави денеска: Атанас Атанасовски, актер

3 mins read

Атанас Атанасовски е македонски актер кој со години ја смее македонската публика. Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во класата на Владо Цветановски и Мими Таневска и уште при крајот на студиите почнал да се вклучува во посериозни актерски проекти.

Тој веќе неколку години е дел од „Театар Комедија“ во Скопје и за себе честопати знае да каже дека учи од секоја нова улога. Многумина кои гледале претстава во која Атанас толкува некој лик, ќе се согласат дека тој е исклучително посветен и знае како да владее со сцената.

Атанас Атанасовски
Атанас Атанасовски / Фото: Владимир Димоски

Публиката го памети по улогите во претставата „Стјуардеси“ која своевремено беше најпродаваната театарска претстава кај нас, „Боливуд“, „За секого по една“, „Мизантроп“,„Хамлет во пикантен сос“, Вардарски пастуви“, „Вечера за глупаци“, „На отворено“, „Клетвата на Скотје“, „Грдиот“ и многу други.

Атанас Атанасовски се појавува и во неколку македонски филмови како „Ах љубов моја“„Исцелител“, „Te Dua, жими мене“, како и во сериите „Фамилија Марковски“ и „Преспав“.

Заедно со својот колега Валентин Костадиновски Тино во 2014 година ја добија наградата „Златна бубамара“ за најдобри млади актери и неколкупати беа дел од манифестацијата каде со своите скечови и хумор ги освоија симпатиите на пошироката публика.

Атанас Атанасовски
Атанас Атанасовски / Фото: Владимир Димоски

Во слободно време е посветен татко на две деца, синот Павле и ќерката Една кои ги со дели со својата сакана Александра.

Помеѓу обврските го прашавме Атанас да ни раскаже накратко како отприлика изгледа еден негов ден, па еве што ни откри тој.

Атанас Атанасовски
Атанас Атанасовски / Фото: Владимир Димоски

– „Театар Комедија“ учествува на фестивалот „Војдан Чернодрински“ кој се одржува во Прилеп со претставата „Клетвата на Скотје“ во натпреварувачка конкуренција и претставата „Боливуд“ во чест на наградените.

Патував до Прилеп. На Плетвар функционална беше само една лента, па затоа патувањето треаеше малку повеќе од предвиденото.

Атанас Атанасовски
Атанас Атанасовски / Фото: Владимир Димоски

Откако стигнавме, се сместив во хотелската соба во еден хотел кој се наоѓа надвор од градот во склоп на безниската. Собата е пристојна.

Претходно бев до театарот ја видов сцената, малку е потесна од нашата во матичниот театар. Ручав во една кафеана во центарот наспроти Домот на културата. Како и вообичаено јадев скара, месото беше одлично. Сега малку ќе одморам затоа што вечерва играм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на нациите: Македонија и Грузија во дуел за првото место

Следно

ВИДЕО | Македонија како помала земја може да има поголем бенефит од „Отворен Балкан“, анализираат Николовски и Србиновски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian