Шпанија и Португалија без проблеми, Србија ја освои Шведска

1 min read

Селекциите на Шпанија и Португалија остварија победи во третото коло од групата 2 во дивизијата А во Лигата на нации над Швајцарија, односно Чешка.

Португалија во Лисабон со 2:0 славеше над Чешка и го задржа првото место на табелата со седум бода, додека Шпанија оствари минимален триумф во Женева.

Португалците сите дилеми на стадионот „Жозе Алвараде“ ги решија во првото полувреме, прво во 33 минута Жоао Кансело го отвори резултатот, а пет минути подоцна Гонзало Гуедеш го постави конечниот резултат.

Селекцијата на Шпанија, на гостувањето во Швајцарија доминантната игра во која имаше 66 отсто посед на топката, ја круниса со голот на Пабло Сарабија во 13 минута.

Во дивизијата Б, Србија благодарение на голот на Лука Јовиќ во последните моменти од првото полувреме ја совлада Шведска и тоа во Солна. Со триумфот, Србија се искачи на второто место на табелата во групата 4 со шест бода, еден помалку од Норвешка која одигра без голови против Словенија.

Во дивизијата Ц, Гибралтар приреди изненадување и одигра 1:1 против Бугарија. Бугарите поведоа со голот на Минчев во првото полувреме, но Гибралтар со голот на Вокер во 61 минута дојде до големо реми.

Резултати:
Дивизија А
Португалија – Чешка 2:0
Швајцарија – Шпанија 0:1

Дивизија Б
Норвешка – Словенија 0:0
Шведска – Србија 0:1

Дивизија Ц
Група 2
Грција – Кипар 3:0
Косово – Северна Ирска 3:2

Група 4

Гибралтар – Бугарија 1:1
Македонија – Грузија 0:3

Дивизија Д
Малта – Естонија 1:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Абазовиќ: Украина треба да добие статус на кандидат за членство во ЕУ

Следно

ВИДЕО | Маче открива дека течниот сапун за раце и не е баш вкусен: Нејзината реакција е урнебесна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian