СДСМ прв предложи една изборна единица во државата, ние бевме пионери

1 min read

„Ние први бевме, пионери бевме и го ставивме тоа и во нашата предизборна програма, така што сега има, колку што сум во тек, Министерството за правда има организирано една работна група во која што се вклучени сите претставници на политичките партии“, рече потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска вечерва во гостување на ТВ21, околу предлозите за воведување на само една изборна единица во државата.

Според неа, предвид ќе се земат сите препораки и сите забелешки на релевантните домашни и меѓународни институции.

– Ќе има дебата, ќе се работи на тој процес, меѓутоа треба да ги имаме во предвид препораките од ОБСЕ и ОДИХР, тука да видиме размислувањата на ДИК, повеќе релевантни фактори, ова не е процес кој што може да се реши за месец, два, три, меѓутоа треба да биде долготраен за да може да биде имплементиран во интерес на демократијата“ рече Лукаревска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чурлинов: Да ги „средиме“ главите и да одиме на победа во останатите натпревари

Следно

Дневен хороскоп за 10 јуни: Разговарајте за работите кои ве мачат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian