Париската полиција се извини за пропустите пред финалето во ЛШ

2 mins read

Шефот на париската полиција, Дидие Лалемен призна дека одржување на редот околу стадионот „Франција“ пред почетокот на финалето во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Ливерпул било лоши и им се извини на навивачите за употребата на солзавец.

– Очигледно е дека тоа беше тотален неуспех бидејќи луѓето беа туркани и нападнати. Исто така организацијата претставува неуспех бидејќи е нарушен имиџот на Франција – изјави Лалемен пред францускиот Сенат кој ги истражува нередите што се случија пред финалето во ЛШ кое се играше на 29 мај.

Шефот на париската полиција истакна дека „жали“ што дозволил да се користи солзавец во обидите да се запрат навивачите да влезат на стадионот „Франција“, но истакна дека „немало друг начин“ како да се намалат големите турканици пред капиите на стадионот.

Почетокот на финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ливерпул кој заврши со триумф на „кралскиот клуб“ од 1:0 доцнеше 36 минути, а организаторот прво објави дека причината за доцнењето е поради безбедносни причини за потоа да објави дека станувало збор за „доцно доаѓање на навивачите“ на стадионот.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) пак објави дека причина за доцнењето на стартот на натпреварот е поради тоа што неколку илјади навивачи на Ливерпул со лажни влезници се обиделе да влезат на стадионот.

Париската полиција по натпреварот во првиот извештај ибјави дека биле уапсени 105 лица, а 238 се повредени.

Минатата недела УЕФА им се извини на навивачите и започна независна истрага за случувањата пред стадионот „Франција“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска

Следно

ФОТО | Се омажи помалата сестра на Натали Грубовиќ: Во светкав фустан и балетанки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian