Официјално: Гатузо е нов тренер на Валенсија

1 min read

Легендарниот фудбалер на Милан и на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, денеска беше промовиран како нов тренер на Валенсија со која потпиша двегодишен договор.

Гатузо по завршувањето на богата кариера ги предводеше екипите на Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан и Наполи, а во Валенсија доаѓа по едногодишна тренерска пауза.

Откако си замина од Наполи, Гатузо минатото лето потпиша за Фиорентина, но по неколку дена си замина од екипата поради несогласувањата со управата на екипата.

Џенаро Гатузо е 15-тиот тренер на Валенсија во последните 11 години. Шпанскиот тим минатата сезона во Ла Лига ја заврши на деветтото место и во следната сезона нема да игра во европските купови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генчовска најави оставка: Петков водел разговори за тргање на ветото за Македонија

Следно

Интервју со д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог: Озонска терапија и дијабетес – предизвик на денешницата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian