Не се алармантни само промените на бенките – добро погледнете ги и ноктите, може да укажуваат на меланом

3 mins read

Постојат многу предупредувачки знаци на кожата кои укажуваат на потенцијално опасна состојба, иако се верува дека треба да се реагира кога ќе се воочат промени на бенките. Така, ќе се посомневаме на меланом по промените во големината, формата и бојата на бенките или по појавата на нова сомнителна бенка. Исто така, редовните дерматолошки прегледи на кожата еднаш годишно се прават со цел рано откривање на промените во бенките кои би можеле да значат дека се развил рак на кожата.

Кој има ризик за развој на меланом

Меланомот е еден од најмалигните кожни тумори, кој се создава пигментините клетки на меланоцитите.
Под зголемен ризик се лицата кои се без заштита прекумерно се изложуваат на сонце, занимања поврзани со работа на отворено, светла боја на кожа, наследност, присуство на изменети бенки (долготрајно иритирани, воспалително променети). Колку побрзо се открие, толку се поголеми можностите за лекување.

Не е само бенката

Свеста за меланомот и важноста на прегледувањето на бенките, благодарение на јавно-здравствените акции е зголемена, но не се алармантни само промените на бенките. Постои уште една група на кожни симптоми кои не треба да ги игнорираме – темна линија која се појавува на ноктите. Може да биде проследена и со темна кожа покрај ноктот, а ноктот е склон кон пукање и подигање на површината. Исто така треба да внимаваме и на појавата на испакнатини или јазли под самиот нокт. Иако најчесто мислиме дека меланомот се појавува на трупот, не е невообичаено да се појави под ноктот, на табанот, дланката, слузницата на устата, окото, вагината, анусот.

Немеланомски тумори

Покрај меланомот, постојат и други видови на рак на кожата. Иако меланомот е еден од најагресивните тумори на кожата и е одговорен за повеќето смртни случаи предизвикани од малигни тумори на кожата, ниту немеланомскиот не е незагрижувачки. Добрата вест е што доколку се открие во рана фаза, успешно се решава со операција и после тоа не е потребно друго лекување.

Немелномски тумори се развиваат од необоени базални кератиноцитни клетки. Најчести се базоцелуларен и планоцелуларен карцином. Во голем број случаи, базоцелуларниот се појавува на лицето, додека планоцелуларниот карцином се појавува на ушите, носот, скалпот, лицето, усните, вратот, рацете, нозете.

Алармантни сигнали

Предупредувачки знак може да биде рана што не заздравува, розови или црвеникави дамки кои се лупат и чешаат, сјајно розови, црвени, бисерно бели, па дури и потемни испакнатини, како и области на кожата кои изгледаат како лузна, бела или жолтеникава што може да има поизразен раб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Воините“ без шанси, Бостон 38 години нема пораз на домашен терен во големото НБА финале

Следно

Финансиски гиганти лансираат платформа за тргување со криптовалути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian