Малолетен мотоциклист заврши во болница по судир со „рено“

1 min read

Малолетен возач на мотоцикл вчера настрада во сообраќајка во Скопје. 

На 08.06.2022 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

Власта одби расправа за несреќите на Беса транс и модуларната болница

Следно

ГРК Охрид се засили со Василевски и Бошковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian