Ленче Ристоска: Задоволни сме од пресудата за „Талир 2“, се докажа дека тоа е корупциски предмет

1 min read

Случајот „Талир 2“ вчера заврши со осудителна пресуда за обвинетите, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби шест години затвор.

Обвинителката Ленче Ристоска го коментираше случајот и пресудата, со која се конфискуваат триесетина штабови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и седиштето на партијата, „Белата палата“ во центарот на Скопје.

„Во рамки на предметот „Талир 2“ беа обезбедени и презентирани голем број вербални и материјални докази со кои обвинителството успеа да ја докаже теоријата на случај и да го убеди судот дека се работи за корупциски предмет скриен зад бројни правни акти и процедури. Поради тоа задоволни сме што судот ги препозна коруптивните аспекти и донесе осудителната пресуда“, изјави обвинителката Ристоска за Нова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Маче открива дека течниот сапун за раце и не е баш вкусен: Нејзината реакција е урнебесна

Следно

Чурлинов: Да ги „средиме“ главите и да одиме на победа во останатите натпревари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian