КСС се сретна со ВМРО-ДПМНЕ, синдикатите бараат 17 милиони евра за повисоки плати во јавниот сектор

1 min read

Раководството на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска остварило средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод барањето на КСС да се обезбедат средства во ребалансот за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

Од КСС информираа дека дале поддршка на амандманот за зголемување на платите за 2.806 денари кој е на предлог на Сојузот на синдикати, но дека побарале да бидат опфатени сите работници, без разлика дали се од јавниот или приватниот сектор.

КСС предложиле и амандман за да се обезбеди една милијарда денари како финансиска поддршка за вработените во приватниот сектор и тоа вработените со нето плата од 18.000 до 21.000 денари да земаат по 3.000 денари три месеци, а вработените со нето плата од 21.000 до 24.000 денари, три месеци по 2.000 денари.

– Причината за нашето вакво барање е огромната инфлација и неможноста на најсиромашните работници да ги сервисираат своите животни трошоци во месеците кои следуваат и да се подготват за тешката зима, а од друга страна и да се поттикне потрошувачката со што и бизнисот би имал корист. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ со разбирање го прифати нашето барање за поднесување на ваков амандман и истиот ќе биде поднесен се со цел да се обезбедат парични средства од ребалансот на буџетот и да се помогне на најсиромашните работници во државата, информира КСС.

КСС ги повикува сите пратеници да ја поддржат оваа иницијатива, со што ќе покажат вистинска грижа за работниците во земјава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тука лежи причината: Откриено зошто принцот Луис беше немирен на прославата за кралицата

Следно

Млад кавадарчанец со тешки повреди хоспитализиран на скопските клиники

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian