Кенет Мeртен е новиот американски амбасадор во Бугарија

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден го предложи Кенет Мертон за нов американски амбасадор во Бугарија на местото на Хeро Мустафа, која е во Бугарија од 2019 година.

Номинацијата на Бајден сега се очекува да биде одобрена од Сенатот, објавија бугарските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Мертон беше амбасадор на САД во Хрватска, како и вршител на должноста во Амбасадата на САД во Хаити и потоа и нејзин амбасадор.

Претходно бил заменик-помошник секретар во Бирото за глобално управување со таленти, а претходно и помошник секретар во Бирото за прашања на западната хемисфера.

Мертон бил економски советник во Амбасадата на САД во Париз, Франција, извршен асистент во Бирото за економски и деловни прашања на Стејт департментот и висок набљудувач во Оперативниот центар на Стејт департментот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје ќе се гради цело лето – Арсовска најави градежна офанзива

Следно

Олаф Шолц во сабота во Скопје и во Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian