ГРК Охрид се засили со Василевски и Бошковски

1 min read

Управата на ГРК Охрид продолжи да ја засилува екипата за претстојната сезона во Суперлигата и денеска ангажира две нови имиња, Виктор Василевски и Стефан Бошкоски.

Василевски е кадетски и младински репрезентативец на Македонија и ќе биде засилување за голманската позиција. Тој доаѓа од екипата на Голден Арт со која минатата сезона играше во првата лига и обезбеди пласман во Суперлигата.

фото: ГРК Охрид

Бошкоски кој игра на центарската позиција доаѓа по одличните игри во Јехона во првата лига, а пред тоа има настапувано и за ГРК Гостивар.

Претходно, нови ракометари на ГРК Охрид станаа и Тоше Ончев  и интернационалците Никола Грубиќ и Владимир Бојаниќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Малолетен мотоциклист заврши во болница по судир со „рено“

Следно

Адвокатите на Деп најавија дека тој можеби нема да бара отштета од Херд: Никогаш не беше за парите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian